Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија денеска нови врнежи од снег

Во Македонија денеска нови врнежи од снег

Нови врнежи од снег ќе имаме денеска во земјава. 

Поларната зима продолжува во Македонија. 

Времето ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 1, Маврово -3, Охрид 2, Битола 0, Кавадарци и Дојран 3, Крива Паланка 1, Берово 0 Целзиусови степени..

Врнежите утре ќе бидат од снег и ќе бидат со слаб интензитет, а ќе дува и умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од -3 до 3 степени.

Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утрински температури ќе бидат во опаѓање, а дневните со мал пораст. Дневната температура ќе биде од- 4 до 2 степени, прогнозира УХМР Македонија.

По котлините и понатаму ќе има магла и ниска облачност.

Слично

Поврзани вести