Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија бројот на активни случаи на коронавирусот изнесува 221

Во Македонија бројот на активни случаи на коронавирусот изнесува 221

Во земјава бројот на активни случаи на коронавирусот изнесува 221. 

По 1 случај има во Берово, Свети Николе, Кочани и Гевгелија. Битола и Прилеп имаат по 2 случаи, а по 3 има во Дебар, Струмица и Штип, додека по 4 случаи има во Охрид и Струга. Кичево има 6, Куманово 13, а Гостивар 14 активни случаи на коронавирусот. 

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Од новозаболените од Скопје се четворица, Тетово исто така четворица, а од Кичево еден.

Регистрирани сe 53 оздравени пациенти, а нема починати пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487. 

Слично

Поврзани вести