Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО МАГЛАТА: Скопје еден од најзагадените градови во светот

ВО МАГЛАТА: Скопје еден од најзагадените градови во светот


Платформата Ајкјуер IQAir покажа дека Скопје денеска е на деветото место во светот според загаденоста на воздухот на светскиот индекс за квалитет на воздухот.

Воздухот во Скоје е „нездрав“ и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително  здравје.

Ова е алармот според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време.

Најзагадени градови во светот утрово се Делхи, Лахоре, Калкута, Шангај, Катманду, Мумба, Карачи и Хангжу, кои се пред Скопје.

Мерките на Министерството за животна средина беа укинати вчера, откако Државниот автоматски мониторинг систем утврдил дека на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3.


Слично

Поврзани вести