ВО ЛОЗОВО ВМРО-ДПМНЕ СО ЕДЕН СОВЕТНИК ПОМАЛКУ: Премина кај Лилјана Поповска
Советникот од Oпштина Лозово, Влатко Стојановски од ВМРО – ДПМНЕ премина во ДОМ.
Денеска членови од раководството на ДОМ и МОДОМ заедно со пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачaнин остварија средба со новиот советник и со раководството на Општинската организација на ДОМ во Лозово.
На средбата на која присуствуваше и новиот градоначалник на Лозово, Ацо Велковски се разговараше за развојот на општината и приоритетните инвестиции што се планираат да се направат во системите за наводнување и водоснабдување како и други можности за локален економски развој.
Oд партијата на Лилјана Поповска соопштуваат дека се иницирало и изнаоѓање на автохтон локален прехрамбен производ по кој општината ќе биде препознатлива и ќе се поттикне развојот на руралниот туризам.
