Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Лозово се давало поткуп со каса-прими

Во Лозово се давало поткуп со каса-прими

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, денеска информираше дека поткупот во Лозово, каде што вчера интервенираше полицијата, се вршел преку-каза прими и дека се давале од 3.000 до 5.000 денари по лице. Маж од село во Општина Лозово е уапсен поради поткуп. 

„Во селото Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе попладнево во 17.30 часот  го приведоа Б.А.(50) од Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори“, информираа од полицијата.

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против лицето што вршело поткуп пред изборите. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот.

„ Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот“ нагласи обвинителството.

Осомничениот е задржан во полициска станица. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.


Слично

Поврзани вести