Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЛОЗОВО ЈА ЗЕМААТ СУДБИНТА ВО СВОИ РАЦЕ - до 19 часот гласале над 65 отсто

ВО ЛОЗОВО ЈА ЗЕМААТ СУДБИНТА ВО СВОИ РАЦЕ - до 19 часот гласале над 65 отсто

Во некои општини гласачите многу повеќе биле заинтересирани да излезат на гласање во споредба со други, каде што имало мал интерес за остварување на гласачкото право.

До 19 часот, во Првата Изборна Единица најголем одзив има во Македонски Брод каде на гласање излегле 64,68 отсто од гласачите, како и во Сопиште каде гласале 53,64 отсто. Одзивот во Втората ИЕ е најголем во Бутел –  47,2 отсто и во Ѓорче Петров – 47,56 отсто.

Берово со 56,45 отсто е со најголема излезност во Третата ИЕ , потоа Лозово со 65,25 отсто и Ранковце 60,37 отсто. Во Четвртата ИЕ најмногу гласачи излегле во Гевгелија – 62,17 отсто, Демир Капија 62,31 отсто и во Неготоно 62,98 отсто. Во Петатата ИЕ одзивот во петка Кривогаштани е 63,1 отсто и во Демир Хисра 62,9 отсто. Во Шестата ИЕ излезноста е најголема во, Брвенциа  35,34 отсто, Тетово 40,97 отсто и  во Јегуновце 40,52 отсто.

До 19 часот одзивот бил 45,77 отсто во земјава, наспроти на последните парламенатрни избори, кога тој изнесуваше до 19 часот 66 проценти.

Слично

Поврзани вести