Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Куманово пукано во носител на советничка листа на ДУИ

Во Куманово пукано во носител на советничка листа на ДУИ

Денеска пред зградата на Општина Куманово е пукано во носителот на кандидатската советничка листа за Општина Липково на ДУИ,Зекирија Шаини..

Според информации од очевидци напаѓачот избегал, иако огромен број полициски службеници веднаш излегле од зградата на кумановската полиција која се наоѓа на неколку метри од општинската зграда.

Од полицијата информираа дека денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од улиците Димитрије Туцовиќ со улицата 11 Октомври две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од селото Слупчане, општина Липковo.

„Тој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

 Носителот на советничката листа во Општина Липково бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување.

Ранетиот Шахини е вработен на скопската Клиника за пулмологија и е носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково.

„Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“ објавија од Обвинителството.


Слично

Поврзани вести