Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Куманово ќе се утврдат локации за бушотини за снабдување со вода за противпожарните возила

Во Куманово ќе се утврдат локации за бушотини за снабдување со вода за противпожарните возила

Во Куманово ќе се утврдат локации за бушотини за снабдување со вода за противпожарните возила, соопштија од локалната самоуправа. 

Општинскиот штаб за заштита и спасување дава предлог да се формира трочлена комисија од претставници од ТППЕ Куманово, ЈП „Водовод“ Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“, да изврши увид и одреди потенцијални локации на територија на општина Куманово за изведба на бушотини за снабдување со вода, кои би се користеле за полнење на возила на ТППЕ за гасење на пожари и изградба на хидранти. Се препорачува на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски да спроведе итна постапка за изведба и опремување на бушотините.

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со моменталната состојба и справување со пожари на територија на општина Куманово, како и мерки и активности кои ќе бидат превземени за заштита и спасувње при евентуална појава на пожари. 

Апелираа до граѓаните да се воздржат од палење на стрништа и отпаден материјал во дворови и на отворен простор, со цел да се спречи настанување на пожари, како и да пријават сомнителни движења на лица и возила, можни причинители на пожари, на надлежните институции. Деновиве имаше пожари на територија на Општина Старо Нагоричане, но и на подрачје на Општина Куманово. 

Слично

Поврзани вести