Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Куманово ќе се гради нов Ургентен центар со најмодерна опрема

Во Куманово ќе се гради нов Ургентен центар со најмодерна опрема

Министерот за здравство Никола Тодоров најави изградба на нов Ургентен центар во Куманово, а градежните зафати ќе започнат следниот месец. Предвидено е да се обединат интернистичките и хируршките ургентни амбуланти, со најсовремена медицинска опрема која ќе биде примарна за околу 200 илјади жители во регионот.

– Станува збор за комплетно нов објект што ќе биде поврзан со Општата болница во Куманово и ќе се состои од приземје и кат. На приземјето е предвидено сместување на итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, две ортопедски амбуланти, гипс сала, анестезиолошка амбуланта и други придружни простории, додека на катот се проектирани две амбуланти за урологија, една просторија за уролошки интервенции, две хронично хируршки амбуланти, една просторија за интервенции и просторија за компјутерска томографија, како и други придружни простории. Тоа значи дека пациентите на исто место ќе можат да ги добијат сите здравствени услуги и целата потребна дијагностика и третман, рече Тодоров.

Инвестицијата ќе изнесува околу 48 милиони денари со што тендерот е веќе објавена, а до крајот на ноември треба да се склучи договор и да се отпочне со градежни работи кои согласно со договорот е предвидено да завршат за 15 месеци.


Слично

Поврзани вести