ВО КУМАНОВО Е НАЈНИСКА ИЗЛЕЗНОСТА, ВО КОНЧЕ НАЈВИСОКА: Пресек на гласањето до 17 часот
Излезноста за избор на градоначалник на Град Скопје до 17 часот изнесува 28,52 проценти или 134,586 избирачи. Во првиот круг, во истиот период, излезноста била 29,62 проценти.
Во Аеродром гласале 36 отсто. Во Бутел, 22,90 проценти, а во Гази Баба 25,70 отсто. Во Ѓорче Петров, излезноста е 29 проценти. Во Карпош, 40,73 отсто. Во Кисела Вода 34,48 проценти. Во Сарај 8,77 отсто, во Центар 39,44 проценти, во Чаир 12,08, а во Шуто Оризари 26,10 проценти.
До 17 часот гласале 39,28 проценти или 279.241 гласач.
Најголема излезност има во Конче 64,44 проценти, во Дојран 62,96 проценти и во Демир Капија, 62,71 процент. Најниска излезност има во Куманово со 27,72 проценти и во Шуто Оризари.
Слично
