Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО КРУШЕВО ГЛАСАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ИЗБИРАЧИ: Во Сарај гласале одвај 6 проценти

ВО КРУШЕВО ГЛАСАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ИЗБИРАЧИ: Во Сарај гласале одвај 6 проценти

Излезноста до 15 часот за Град Скопје изнесува 29,94 проценти, или 104.182 гласачи, соопшти ДИК. Во првиот круг, до 15 часот гласале 31,16 проценти од избирачите.

Во Аеродром излезноста изнесува 28,35 проценти. Во Бутел, 18.52 отсто. Во Гази Баба, 20,51 отсто. Во Ѓорче Петров, 23,26 проценти. Карпош, 32,40 отсто. Кисела Вода, 27,45 проценти. Сарај, 6 проценти, а Центар 31,65 проценти. Во Чаир, 8,83 проценти, а во Шуто Оризари 19,69 проценти. 

На ниво на Македонија, до 15 часот излезноста е 30,26 проценти, односно вкупно 208.571 гласач. Во првиот круг, во 15 часот излезноста била 31,16 проценти.

Најголема излезност има во Крушево - 50,22 проценти, а најмала во Шуто Оризари, 19,69 проценти. Во општина каде што не се бира градоначалник на општината, туку само на Град Скопје, најниска излезност има во Сарај, односно 6 проценти.


Слично

Поврзани вести