Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Крушево 28, во Скопје 8 литри дожд

Во Крушево 28, во Скопје 8 литри дожд

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крушево, a Скопје е на четвртото место според мерните станици на УХМР.

До 8.00 часот изутринава во Крупево наврнале 28 литри на метар квадратен. Во Тополчани се измерени 12, 11 во Берово, 8 во  Скопје на мерното место Зајчев Рид, 4 во Тетово и Попова Шапка, како и 3 во Маврово.

Времето денеска од попладне повторно ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. 

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени


Слично

Поврзани вести