Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кругот на СВР Куманово е откриено спомен обележје за загинатите полицајци во Диво Насеље

Во кругот на СВР Куманово е откриено спомен обележје за загинатите полицајци во Диво Насеље

Во кругот на СВР Куманово, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во присуство на семејствата на загинатите припадници од ЕБР и САЕ „Тигар“, откри спомен-обележје во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановското Диво Насеље.

Во своето обраќање Спасовски потсети на кумановските настани од 2015 година.

„Никогаш нема да се заборави оној кобен мај 2015 година кога осумтемина припадници на МВР овде, во Куманово, го покажаа врвот на патриотизмот, жртвувајќи ги своите животи во вооружениот терористички напад во Диво Насеље“, рече министерот Спасовски. 

Кажа дека ништо не е исто по тој ден, за семејствата, за другарите и за колегите од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од Единицата за брзо распоредување.

„Бидејќи болката никој не може да ја залечи, а длабоката почит кон нив останува засекогаш. Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ се нашите херои, кои го дадоа својот живот за нешто поголемо од себе. А нема ништо поблагородно од жртвувањето на животот за својата татковина. И знам дека ова знаме на јарболот, наше, македонско, не се вее од ветерот, туку од последниот здив на секој наш припадник, кој загинал чувајќи го!“, рече министерот Спасовски. 

Кажа дека спомен-обележјето е направено заедно со Македонскиот полициски синдикат.

Слично

Поврзани вести