Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВО КРИТИЧНИОТ МОМЕНТ КАМЕРИТЕ 'СЛУЧАЈНО' НЕ РАБОТЕЛЕ“: СДСМ тврди дека има вмешаност на надлежните во бегството на Груби

„ВО КРИТИЧНИОТ МОМЕНТ КАМЕРИТЕ 'СЛУЧАЈНО' НЕ РАБОТЕЛЕ“: СДСМ тврди дека има вмешаност на надлежните во бегството на Груби

Дали министерот за внатрешни работи Тошковсkи конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби? 

Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите“ на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од граѓаните. До кога министерот ќе ја замајува јавноста и кога планира да признае дека ова е договорено бегство? 

Ова го објавија денеска од опозициската СДСМ од каде укажуват дека со бегството на поранешниот вицепремиер од земјава се прекршени бројни процедури.

- Како што објави Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од граничниот премин „Блаце“ не ги почитувале процедурите, иако за Груби постоело јасно известување „задржи и веднаш извести“. Наместо тоа, тие не го провериле системот, дозволиле возилото да помине без соодветна контрола и не ги регистрирале патниците како што налага законот. Притоа, во критичниот момент камерите „случајно“ не функционирале - укажуваат во соопштението. 

Од СДСМ велат дека денес ќе објават сериозни индиции за вмешаност на МВР и Тошковски во целото бегство и нови „случајности“ кои ќе отоворат сомнеж за вмешаноста на МВР во целата работа. 

- СДСМ ќе продолжи да инсистира на транспарентност, одговорност и функционални институции кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните - пишува во соопштението на СДСМ. 

Слично

Поврзани вести