Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Козле најмладиот пациент со ковид е едномесечно бебе

Во Козле најмладиот пациент со ковид е едномесечно бебе

Едномесечно бебе e најмладиот пациент во болницата во Козле.  Таму во моментов има околу 20  позитивни деца. Директорот на болницата д-р Бесник Зеќири во Утрински Брифинг кажа дека 4 од нив се на кислородна поддршка. 

„Од школската група има вкупно 15 деца откако е почната училишната година малку е зголемен бројот на децата од 16 годишна возраст. Помалите деца имаат и придружба од свој родител. Најголемиот дел од родителите односно 80 проценти од нив се позитивни и се лекуваат заедно со децата“, вели Зеќири.

Короната однесе и многу млади животи. За месец дена имаше починати на возраст од 20-тина и 30-тина години. 

Слично

Поврзани вести