Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во ковид-центрите во државата има 194 хоспитализирани пациенти

Во ковид-центрите во државата има 194 хоспитализирани пациенти

Бројот на хоспитализирани со коронавирусот падна под 200. 

Во ковид-центрите во државата има 194 пациенти и има околу 530 празни болнички кревети, објави денеска Министерството за здравство (МЗ). На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 123 пациенти сомнителни и потврдени за ковид-19, а во Скопје се лекува 71 лице. За 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени пет нови пациенти.

За едно деноноќие во Македонија има 3 нови случаи на коронавирусот, и 5 починати. 

Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).

Од пријавените, едно лице  е починато  во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

foto freepik

Слично

Поврзани вести