Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО КОСТУМИ И ВО НОВОТО ЦРВЕНО ПАРТИСКО СЕДИШТЕ - Левица пречека висока делегација од Комунистичката партија на Кина, разменија и подароци

ВО КОСТУМИ И ВО НОВОТО ЦРВЕНО ПАРТИСКО СЕДИШТЕ - Левица пречека висока делегација од Комунистичката партија на Кина, разменија и подароци

Во своето ново партиско седиште во центарот на Скопје, за кои доживеа и критики од владејачката партија, членовите на Левица, каде што доминираа пратениците, пречекаа висока делегација на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина.
Од фотографиите што ги објави партијата, може да се забележи дека сите се облечени во модерни костуму, веројатно за нивниот стајлинг да прилега на оној на високите гости од Кина. 
„Во духот на меѓународна солидарност и заедничките идеали, висока делегација на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, ја посети централната канцеларија на #Левица во Скопје. Во рамките на посетата, во срдечна и другарска атмосфера беше остварена и работна средба помеѓу Президиумот на Партијата, на чело со претседателот проф. д-р Димитар Апасиев и кинеските претставници, при што во фокус беше размената на искуствата и идеолошкото зајакнување на меѓусебната соработка.

Делегацијата на КПК беше запознаена и со структурата и активностите на Левица, нејзиниот историјат и долгорочната визија за Партијата, но и за Република Македонија.

Оваа важна официјална средба отвора врати за идна стратешка соработка и нагласуваме дека посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на братските односи со Комунистичката партија на Кина и кинескиот народ, врз основа на взаемно почитување, еднаквост и заеднички визии за иднината. Остануваме посветени кон унапредување на дијалогот, интернационализмот и солидарноста помеѓу сите народи на светот, што е суштински дел од нашата надворешно-политичка стратегија во услови на еден Нов мултиполарен свет“, се вели во објавата од Левица на нивната фејсбук страница.


Слично

Поврзани вести