Во комбе кое од Танушевци се движело кон Витина се најдени 800 килограми шверцуван тутун
Во Косово се запленети 800 килограми шверцуван тутун од Македонија.
Полицајците при патролирање долж границата го забележале, го следеле, а подоцна и го запреле комбито кое се движело од селото Танушевци во Северна Македонија во правец на Витина. Возилото сакало да ја избегне патролата.
Полицијата на Косово денеска во селото Долно Рамјане кај Витина, во близина на границата со Северна Македонија, запрела возило комби со локални регистарски таблички, во кое пронашла и запленила околу 800 килограми тутун, јави дописникот на МИА од Приштина.
При претресот на возилото, кое го управувало 43-годишниот С. И., косовски државјанин, пронајдени се околу 800 килограми суров тутун, спакуван во 36 пакети, за кои полицијата се сомнева дека е шверцуван. Возилото и пронајдената стока ќе бидат предадени на косовските царини.
