Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кој регион се раѓаат најмногу бебиња?

Во кој регион се раѓаат најмногу бебиња?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 12 598 или 59.1 % од вкупниот број живородени деца, наспроти 8 735 живородени деца или 40.9% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 37.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.5 %.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години наспроти 28.1 година во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.3 години наспроти 25.8 години во селските подрачја. При првото раѓање, за  2.5 години е  помлада мајката од селските подрачја. Бројот на умрените лица во градските подрачја изнесува 12 091 или  61.3 % наспроти 7 636 умрени лица или 38.7 % во селските подрачја. 

Слично

Поврзани вести