Во кој град наврнаа 64 литри дожд на метар квадратен?
Најмногу дожд во изминатите 12 часа наврна во Крива Паланка, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Крива Паланка наврна 64 литри на м2, а потоа следува Прилеп со 20 литри, Тетово 14, Скопје 9, Штип 5, Берово 2. Ова се мерења до 20 часот.
„Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, велат од УХМР.
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица.
foto freepik.com
Слично
