Во кој град ќе се одржи заедничката седница со бугарската Влада?
Maкедонската и бугарската Влада на 23-ти ноември во Струмица ќе одржат заедничка седница, соопшти денеска прес службата на бугарската Влада.
На седницата ќе се разговара за теми од заеднички интерес, а во фокус ќе биде напредокот на добрососедските односи меѓу двете земји.
Седницата ќе заврши со полагање венец на споменикот на македонскиот претседател, Борис Трајковски.
Одржување на заедничка седница било договорено за време на официјалната посета на премиерот, Бојко Борисов, на почетокот од август, кога беше потпишан договорот за добрососедство. Македонската Влада донесе одлуки за заедничка седница и со Албанија, која ќе се одржи на 2-ри декември. Инаку, во Драч на средба во август српската премиерка, Ана Брнабиќ го покани Заев да го посети Белград, но имаше и предлог за одржување на заедничка седница.
