Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои земји најмногу се работи во недела?

Во кои земји најмногу се работи во недела?

Во Европската унија во недела работат 25.3% од вработените.

Во Хрватска оваа бројка е 36.7%, а во последните десет години според Еуростат се намалува бројот на хрватски работници кои работат во недела. Задолжително во недела работат 8.3% од Хрватите, а 28.3% понекогаш работат во недела.

Во Италија неделата е слободен ден за 80% од вработените. Во иста позиција се и Португалија, Унгарија и Франција. Во Данска и Холандија неделата најчесто е работен ден.

Европарламентарката Маријана Петир која со години е ангажирана на тема работа во недела, вели дека Хрватска е во многу подобра положба од другите земји членки на ЕУ.

Петир вели дека се почесто работниците се на работа за време на викендот, што ги принудува да ги запостават семејните обврски, а често се случува дополнителната работа да не биде платена.

Слично

Поврзани вести