Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои општини има најмалку активни случаи на коронавирусот?

Во кои општини има најмалку активни случаи на коронавирусот?

Во неколку македонски општини има мал број на активни случаи на коронавирусот. 

Најновите податоци на Министерството за здравство покажуваат дека најмалку активни има во Македонска Каменица, само 3, во Дојран има 7, во Македонски Брод 13,  а во Пехчево 15. Дебар има 19, а Кратово 24 активни случаи. Македонија со месеци нема град без заразени со коронавирус. 

Во државата расте бројот на заразени. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176.

Во новата работна недела можно е да имаме нови рестриктивни мерки. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести