Во кои градови Пендаровски имаше помалку гласови од Силјановска?
Стево Пендаровски победи на претседателските избори кои се одржаа вчера, така што победи во Скопје, загуби на истокот, и доби доверба од гласачите во Западна Македонија.
Неговата противкандидатка, Гордана Силјаноска Давкова успеа да победи во поголемите градови како Прилеп, Битола, Велес, Штип. Но, победи и во Кочани, Виница, Кавадарци, Кратово, Неготино, Пехчево, Пробиштип. Во помалите општини таа има повеќе од 1.000 или повеќе од 2.000 гласови пред Пендаровски.
Силјаноска доминира со гласови во Источна Македонија. Таа победила во вкупно 43 општини или 3 помалку од првиот круг. Пендаровски меѓу два круга успеа да смени и да ја победи Силјаноска во општините Бутел, Радовиш, Ранковце, Јегуновце, Брвеница и Демир Хисар.
Во градот Скопје според освоените општини Пендаровски победи во 6 од 10 општини. Во Општина Бутел тој имаше само 22 гласа повеќе од противкандидатката Гордана Силјановска Давкова. Голема предност има во скопски Сарај, каде Пендаровски добива 8.217 гласови, а Силјановска останува на истите од првиот круг. Убедлива победа Пендаровски однесе во општина Чаир.
Силјановска во Липково, освоила само 44 гласови.
