Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои градови има најмалку активни случаи на коронавирусот?

Во кои градови има најмалку активни случаи на коронавирусот?

Во малите градови се намали бројот на активни случаи. Македонски Брод има само 1, Демир Капија 3, а Пехчево 4 активни случаи на коронавирусот. 

Дебар има 8, а Богданци и Валандово по 9 активни случаи на коронавирусот. Берово има 12, а Кратово 14 активни случаи на коронавирусот. Македонска Каменица има 18, а Пробиштип 19 активни случаи. 

Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833. Бројот на заболени се намалува во земјава. 

Слично

Поврзани вести