Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои две општини ДУИ прогласи победа?

Во кои две општини ДУИ прогласи победа?

Демократската унија за интеграција(ДУИ) прогласи победа во Липково и Пласница.

Кажаа дека соодносот во Липково е 3 наспроти 1, а во Пласница 2 наспроти 1.

„Денешниот глас на граѓаните е тој што ќе ја одреди иднината на Македонија, нејзиниот европскиот пат, еднаквоста и целосната интеграција на сите нејзини граѓани во државата“, порачаа од ДУИ.

Претходно од ДУИ објавија дека денеска победија граѓаните што излегоа на гласање.

„Во Кичево и во Струга одиме во втор круг со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Во Кичево, Фатмир Дехари оди во втор круг со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовановски, а во Струга, Арсим Далипи оди во втор круг со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ,  Менди Ќира“, рече Адеми. 
ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголем број градоначалници. 
Слично

Поврзани вести