ВО КОБНА НЕСРЕЌА ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК: Миле Антов замина на само 62 години
Поранешниот пратеник Миле Андонов од Кочани почина вчера попладното во својата 62 година од живото.
Андонов беше дел од собранието три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, и беше дел од пратеничката група на СДСМ. Членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а се наоѓаше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет. Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија.
Како дипломиран економист, Андонов повеќе години водеше приватен бизнис во областа на текстилството.
Поранешениот пратеник животот го изгубил во кобна несреќа, поточно по пад од кров на неговата викендица на планината Осогово.
- Во 18 часот од итната медицинска помош било пријавено дека на планината Осогово М.А. роден 1962 година од Кочани додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал на лице место. Од страна на итната медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител - се вели во соопштението на МВР.
