Во ќор-сокак ли е Македонија - ова се трите сценариа за расплет
Maкедонија е најпознатиот театар на судирот меѓу Русија и Западот во однос судбината, развојот и иднината на Западен Балкан, коментира проф. Ана Крстев од НБУ во етерот на Bloomberg TV Bulgaria.
„Ситуацијата во Македонија е важна за Европа, бидејќи земјата е кандидат за членство во ЕУ. Судирот меѓу Русија и западниот свет е со два многу различни дискурси"- истакна таа.
Според неа, Русија од една страна зборува за државноста и сувереноста, кои се загрозени во Македонија, но од друга страна исклучително се води од своите економски интереси.
Крстев истакна три сценарија за иднината на Македонија. Според неа може да бидат сведоци на реванш на лидерот на ВМО-ДПМНЕ, Никола Груевски од влегувањето во криза, од која единствениот резултат ќе бидат нови избори и купување на политичко време.
Второто сценарио би било победа и мандат на социјалдемократите.
Третото сценарио кое сепак изгледа нереално е поврзано со мирно решавање на кризата и стабилен развој напред.
