Во Кисела Вода ќе се бојадисуваат 100 пешачки премини
Пред почетокот на новата учебна година, 100 пешачки премини во Кисела Вода ќе бидат обновени и бојадисани. Ова е дел од проектот „100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици“, а се однесува па патеките пред градинките, основните и средните училишта.
Од утре три фирми ќе работат на бојадисување на пешачките премини, а Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) потпишаа согласност за реализирање на проектот со Општина Кисела Вода и компаниите „Евроинс осигурување“, „Адинг“ и „Кодинг“ од Скопје.
Како што изјави министерката Гордана Јанкулоска, статистиката покажува дека во првото полугодие во 2013 година во Скопје и околината имало случени 2.026 сообраќајни несреќи, а бројка е зголемена во споредба со истиот период лани кога се регистрирани 1.983 сообраќајки. Во нив годинава загинале 20 лица, од кои 8 пешаци, тројца велосипедисти и еден возач на мотоцикл, а повредени биле 1.342 лица од кои 231 пешак.
Слично
