„ВО КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ И КАРПОШ СМЕ ВТОРА ПАРТИЈА“: Левица се пофали дека се пред СДСМ во неколку општини
Левица се пофали дека во неколку општини е втора партија, односно по ВМРО-ДПМНЕ и пред СДСМ.
„Левица е втора партија во Кисела Вода, Аеродром и Карпош, со тоа што ќе имаме повеќе советници. Во однос на Велес, исто така имаме повеќе од СДСМ за советничката листа. Имаме позитивни резултати и во Гостивар, додека во останатите поголеми урбани средини, како што е Кавадарци, ни се зголемуваат советничките места“, рече Круме Богевски, портпарол на Левица.
Вели дека официјални бројки ги имаат истите како што се ажурираат на Државната изборна комисија.
Слично
