Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Кичево и Брвеница зголемена излезност, во Струга се гласа со ист интензитет како во првиот круг

Во Кичево и Брвеница зголемена излезност, во Струга се гласа со ист интензитет како во првиот круг

За четири проценти е зголемена излезноста во вториот круг за изборите во Кичево. Во првиот круг, до 15 часот гласаа 36,22 проценти, додека денеска, излегле 40,06 отсто од гласачите. 

Во Брвеница, излезноста е значително поголема - денеска до 15 часот на гласање излегле 40,83 проценти, а во првиот круг, излезноста била 30,55 проценти. 

Во Струга пак, излезноста е речиси иста. Во вториот круг, до 15 часот гласале 27,08 проценти, додека во првиот круг, 27,62 отсто од гласачите. 

Според информациите до кои дојде Фактор, токму за овие три места, беа изнајмени авиони, за доаѓање на гласачите кои не живеат во Македонија.

Слично

Поврзани вести