Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Карпош ќе се реновираат фасади во ек на изборна кампања

Во Карпош ќе се реновираат фасади во ек на изборна кампања

Засилени промотивни активности на градоначалникот Јакимовски пред самите локални избори кои може да се сфатат како редовни обврски на општината, но и обид да се влијае врз гласачите. Oпштина Карпош на Бирото за јавни набавки објави тендери за изведба на 9 енергетски фасади на постари станбени објекти.

За четири од нив ќе биде организирано отворање на јавните понуди од доставените фирми на 25 септември, на првиот ден од изборната кампања за локалните избори. Меѓу фасадите на коишто ќе се интервенира се вклучени и четири станбени објекти лоцирани на улицата „Петар Чајковски“.

Од СДСМ го предупредија градоначалникот Стевчо Јакимовски дека спроведува кампања спротивна на Изборниот законик. Социјалдемократите најавија пријава за поставувањето камен-темелник за новата градинка во населбата Бардовци.

Ќе се чека одговор и од надлежните институции дали ваквите активности на општината се во спротивност на изборните правила.

Слично

Поврзани вести