Во „карамбол“ во Скопје настрадаа полицаец, моторџија, пешак и возач на автомобил
МВР соопшти дека вчера во 11,20 часот на крстосница од улица „Војвода Васил Чакаларов“ и улица„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „кавасаки“ без регистарски ознаки, управуван од Р.П.(25) од Скопје, моторцикл„хонда“ со полициски регистарски ознаки, управуван од полициски службеник, патничко моторно возило„сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје и пешак Н.М.(52) од Скопје.
Сите учесници во незгодата се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“, Градската општа болница „8-ми Септември“ и Градската општа болница„Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
