Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во камион со железо откриени 300 килограми кокаин, уапсен е македонски државјанин

Во камион со железо откриени 300 килограми кокаин, уапсен е македонски државјанин

Македонски државјанин e уапсен во aлбанскиот град Драч со 300 килограми кокаин. 

Н.A. (40) е уапсен откако во камионот со кој превезувал железо се пронајдени 300 килограми кокаин.  Дрогата е откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи. Кокаинот бил во кутии и бил скриен внатре во шасијата на камионот.

Првичните информации говорат дека камионот тргнал од Белгија и преку Србија и Македонија на албанска територија влегол преку преминот Ќафасан кај Струга. Пред да стигне во Драч тој на албанска територија останал два дена и тоа предизвикало сомнеж кај полицијата.  Уапсениот негирал дека знае било што околу дрогата. Освен албанската во истрагата ќе биде вклучена и македонската полиција.

Слично

Поврзани вести