Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во каква состојба бил автобусот на АРМ кој пламна додека превезувал војници?

Во каква состојба бил автобусот на АРМ кој пламна додека превезувал војници?

Министерството за одбрана соопшти дека ниту еден припадник на АРМ утрото не е повреден откако изби пожар и целосно изгоре автобус кој ги превезува војниците на работното место во касарната „Илинден“.

„Веднаш штом е почувствуван чадот, припадниците на АРМ од страна на одговорното лице биле повикани да го напуштат автобусот и го напуштиле. Во автобусот останале само два војнички ранци. Според првичните сознанија, автобусот бил носен на сервис во текот на викендот. Согласно Договорот, ги исполнувал условите кои што се побарани во тендерската документација, има потврда за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови издадена на 1.02.2018 година со важност до 1.02.2020 година, бил од марката „Марбус“, производство 2007 година и го исполнува стандардот ЕУРО 4“, соопштија од Министерството за одбрана.

Припадници и стручни лица на Воената полиција веднаш излегле на терен за да ги утврдат околностите под кои се случил настанот. Од фирмата која го обезбедува превозот, Министерството очекува да биде извршена анализа на случајот со цел да не се повтори.


Слично

Поврзани вести