Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во јуни платите помали за 300 денари од мај

Во јуни платите помали за 300 денари од мај

Статистика ги објави новите податоци за просечната плата која ја земале македонските граѓани во јуни.

300 денари помалку од мај добиле на конто вработените за исплатена нето плата во месец јуни.

Пресметките покажуваат дека просечно во јуни сме земале 24.203 денари нето плата, додека во мај таа изнесувала  24.509 денари.

Сепак, ако ги споредиме платите во овој јуни, и јуни од минатата година, платите во јуни 2018-та пораснале за 6,1 проценти .

Од статистика посочуваат дека ова зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7 отсто и преработувачка индустрија за 14,7 отсто.


Слично

Поврзани вести