Економија, финансии, бизнис

Контакт

До јуни Бугарија нема да го тргне ветото, Генчовска стави акцент на клучното барање

До јуни Бугарија нема да го тргне ветото, Генчовска стави акцент на клучното барање

Бугарија нема да го тргне ветото за Македонија во јуни. 

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, како што пренесува БНТ вели дека нема време до крајот на француското претседателство да се отвори Уставот на Македонија за во него да се впишат Бугарите како државотворен народ, а тоа е едно од клучните барања на Софија. 

„Реално, до крајот на француското претседателство со Советот на Европа, се сомневам дека моите колеги од Северна Македонија ќе можат да го отворат Уставот и да го завршат овој процес“, рече таа. 

Инаку, Генчовска додаде и дека има сериозни несогласувања помеѓу бугарското МНР и тимот на советници за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков за евроинтеграциите и преговорите со Македонија. Вели дека сè уште нема документ меѓу земјава и Бугарија што би бил основа за договор.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека постои документ кој Македонија е подготвена да го прифати. Но, тој рече дека се чека одговор од Бугарија. 

Слично

Поврзани вести