Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЈАВНОСТА ВЕЌЕ СЕ СПОМЕНУВААТ ИМИЊА НА СТОРИТЕЛИ: Официјална потврда од надлежните нема

ВО ЈАВНОСТА ВЕЌЕ СЕ СПОМЕНУВААТ ИМИЊА НА СТОРИТЕЛИ: Официјална потврда од надлежните нема

По соопштението на Основото јавно обвинителство дека малата Вања била пронајдена мртва, а кое не откри многу за нејзиното убиство, туку напротив, уште повеќе ја збуни јавноста, и додека од МВР молчат, во јавноста и медиумите веќе се лиферуваат информации за директно инволвирани лица во убиството на Вања.

Познати новинари, но и медиуми веќе објавија дека еден од осомничените за убиството на Вања, е Љ.П., познат скопјанец, кому наводно, член на семејството на Вања му должел пари. 

Исто така, се пишува и дека 74 годишното лице кој беше убиен и чие тело беше пронајдено во Велес, исто така му должел пари на Љ.П. 

Во моментов, според медиумите и нивните неофицијални извори, осомничениот Љ.П. е во бегство и е во Турција.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Слично

Поврзани вести