ВО ЈАВНОСТА ПРОТЕЧЕ ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ - на што треба да се согласи Македонија
Канал 5 телевизија ексклузивно дошла до документ кој покажува на што се базира португалскиот предлог, за кој нашите власти велеа дека е добра основа за преговри со бугарската страна.
Според документот до кој дошла телевизијата, а кој е поделен во 4 анекси, се предвидува посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција.
Станува збор за следново.
Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година. Ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог кој го објави Канал 5.
Според португалскиот предлог, откако Македонија и Бугарија ќе ги достават декларациите, и Европскиот совет ќе излезе со своја декларација во која во третата точка се наведува дека Советот ја забележува позицијата на Бугарија дека терминот „Македонски јазик“ треба да биде сметан во согласност со уставот на земјава, јавува телевизијата.
Извор и фото: Канал 5
Слично
