Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во извидничкиот камп во Зелениково немало педофилија

Во извидничкиот камп во Зелениково немало педофилија

Основното јавно обвинителство не утврдило елементи на детска порнографија во фамозниот едукативен камп од извидничкиот одред „Прв Скопски извиднички одред“ со наслов „Sex Scouts, Rock and Roll“.во Зелениково, случај кој ја разбранува јавноста откако родител се пожали преку медиумите.

Јавниот обвинител одлучил дека во конкретниот случај нема место за јавнообвинителско постапување. според сведоштвата и прегледаните содржини на мобилниот телефон одземен од еден од организаторите.

„Имајќи ги предвид сите обезбедени и анализирани докази, јавниот обвинител одлучи дека во конкретниот случај нема место за јавнообвинителско постапување.“, заклучува ОЈО.

Во содржините од одземениот мобилен телефон од учесникот кој што според подносителот на пријавата вршел фотографирање на настанот, не може да се забележат полови дејствија со дете или повозрасно лице кое изгледа како дете. 

„Постапувајќи по поднесено известување од СВР Скопје, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведе претходна постапка во која во целост ги испита наводите поврзани со настанот организиран во периодот од 24.09 до 26.09.2021 година од извидничкиот одред „Прв Скопски извиднички одред“ со наслов „Sex Scouts, Rock and Roll“. Притоа, надлежниот јавен обвинител донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување“ се вели во соопштението на ОЈО.

Родителот тврдеше дека во Градовци, Општина Зелениково, се прикажувале пози на деца кои во себе содржат сексуален мотив и дејствија кои прикажуваат очигледно полово дејствие.

„По проучување на сите материјални и вербални докази, а пред се на исказите а сите кои учествувале на настанот, и тоа и извидници и водичи, како и лица од „Прв Скопски извиднички одред“ кои биле задолжени за организирање на настанот, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај ни еден од елементите кои се дефинирани во Кривичниот законик како елементи на кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193-а од КЗ или друго кривично дело не се евидентирани во дејствијата на кој било од учесниците“, велат од обвинителството.

Вежбите и активности кои што претставуваат сексуална едукација на лицата биле заради заштита од венерично преносливи заразни болести и заштита од несакана бременост биле од социолошки аспект, според обвинителството, и не содржат елементи на кривични дела.




Слично

Поврзани вести