ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ИМА И КОМИЧНИ СЦЕНИ - и Мицкоски и Лашкоска го грешат презимето на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп
За време на изборната кампања и бројните митинзи нормално е во жарот на претставувањето на идеите и кандидатите пред гласачите некогаш да се случуваат и ненамерни лапсуси.
Во Прилеп, презимето на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на овој град, Борче Јовчески, беше погрешено и од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, и од пратеничката од тој град Ане Лашкоска.
Конкретно, Мицкоски го најави како Јаковчески, додека Лашкоска го претстави како Јованоски.
Ова видео, со наслов „Наградно прашање - како се вика кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп“ е преземено од социјалните мрежи. Некои граѓани на шега коментираат дека никако да се погоди името на кандидатот, а на шега коментираат и дека „Неко меѓу нама није наш“.
