Во избирачкиот список ќе се вратат 30.000 гласачи кои беа спорни
Спорните 30.000 гласачи кои беа избришани од избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11 декември минатата година ќе бидат вратени во списокот затоа што така е предвидено во Изборниот законик.
Државната изборна комисија е подготвена да ги организира локалните избори, но не можат да кажат кога тие ќе се одржат.
Субхи Јакупи од ДИК вели дека во моментов се ажурира избирачкиот список, а датумот на изборите го одредува претседателот на Собранието.
„Ние како ДИК, нормално, дека сме подготвени да ги организираме изборите, но тоа зависи и од самиот правен акт кој треба да го донесе претседателот на парламентот и да го одреди точниот датум, согласно Изборниот законик. Ние, согласно Изборниот законик, го ажурираме избирачкиот список” – изјави Јакупи за Алсат М.
Процесот за формирање нова влада кој се одолговлекува и политичката криза која трае две години ги ставија во втор план локалните избори.
