Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Во ист свет живееме“: Нина Костовска заслужува шанса да работи во Владата

„Во ист свет живееме“: Нина Костовска заслужува шанса да работи во Владата

Долги години лицата со Даунов синдором се на маргините на општеството. Статистички не оперираме со бројки колкав е бројот на вакви лица во државата но она што е извесно е дека предрасудите преовладуваат и кај семејствата кои проблемот го оставаат во кругот на најблиските, далеку од очите на јавноста. 

Борбата за нивните права, барем како што велат, е долга и тешка, и треба да се бараат системски и институционални решенија кои ќе ги вклучат овие лица во секојдневниот живот.

Примерот кој го сподели премиерот треба да почне да се применува подлабински а приказната треба да биде мотив за сите луѓе, институции, приватен сектор.

Нина Костовска во Владата ќе биде библиотекар. Таа има Даунов синдром а пред премиерот си ја отворила душата и му го раскажала животниот пат и предизвиците кои ја следеле во животот.


Сепак, била храбра, и не се откажала во ниту еден момент.

Нина во јавноста стана позната во една од кампањите на УНИЦЕФ во кои беше заштитно лице а нејзиниот живот не се разликува од оној на нејзините врсници.

И таа има секојдневни вообичаени активности, дипломирала на Факултетот за македонски јазик и книжевност, ама им помагала и на нејзините родители во аптеката.

Упатените во оваа проблематика велат дека е потребна посилна семејна но и институционална поддршка која ќе содаде посебна политика на делување и директно вклучување на овие лица во работен процес, создавање на можност за самовработување преку нивните семејства. 

Образованието е сериозен проблем кој мора најскоро да биде решен. Јавната свест сèуште е на ниско ниво, а исто толку и работата со семејствата кои имаат деца со Даунов синдром, особено во руралните средини. За жал, сèуште има семејства кои ги кријат или се срамат јавно да ги вклучат овие деца. Ги сметаат за лична грешка за која неможат да си простат, а тоа не е така. Токму овие деца се полни со емоции и љубов, со потреби и реални видувања- само треба да им се даде шанса.

Затоа, да им дадеме шанса зошто сепак вистината за Даунов синдром е сепак едноставна: „Во ист свет живееме“!

Слично

Поврзани вести