Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ВИЗБЕГОВО СЕ ВРТИ ПРОФИТ ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА - градоначалникот на Бутел на средба со бизнисмените за решавање на проблемите

ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ВИЗБЕГОВО СЕ ВРТИ ПРОФИТ ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА - градоначалникот на Бутел на средба со бизнисмените за решавање на проблемите

Новиот градоначалник на општин Бутел, Дарко Костовски вчера бил на средба со Управниот одбор на здружението на стопанственици од индустриската зона Визбегово.
Таа зона има големи инфраструктурни проблеми, па од новиот градоначалник се бара да се зафати со изнаоѓање решенија.

„Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците и изнаоѓање на решение за инфраструктурните проблеми. Индустриската зона Визбегово е најголема индустриска зона во Град Скопје со над 30 милиони профитабилност. Заклучивме дека Општината и стопанствениците се партнери во развојот на нашата Општина Бутел. Заедно ќе вложуваме во модерна, просперитетна и економски станилна Општина Бутел“, пишува на фејсбук градоначалникот Костовски.

Слично

Поврзани вести