Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во импровизирана дрвена барака во Тетово изгоре маж

Во импровизирана дрвена барака во Тетово изгоре маж

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово. 

Безживотното тело го пронашле пожарникарите во импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш.

Од полицијата информираат дека пожарот избил во непосредна близина на спортската сала во Тетово, а бараката е целосно изгорена. 

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител, телото е предадено за идентификација и обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Истрагата продолжува со мерки со кои ќе се откријат причините и околностите за настанување на пожарот, информираат од тетовската полиција.

Слично

Поврзани вести