Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во име на Игор Џамбазов преку лажен профил барале пари

Во име на Игор Џамбазов преку лажен профил барале пари

Непознато лице од лажен профил на социјалните мрежи се претставува дека профилот е на актерот и шоумен Игор Џамбазов, и се обидува да изнуди пари и донации. 

Според објавеното на официјалниот профил на Џамбазов, за овој профил е објавено уште на почетокот на месецот, но истиот не е декативиран. 

„Пред извесно време бевме извесени дека некој го злоупотребува името и делото на Игор Џамбазов. Иако беше објавено на почетокот на месецот за овој случај, сепак профилот е сè уште активен. Затоа ве замолуваме да го пријавите лажниот лик кој има за цел да изнуди пари за наводно собирање донации“, пишува на фан страницата.

Ова не е првпат ваков случај. И во 2017 година лице користејќи го името на Игор Џамбазов бараше пари од граѓаните.

Слично

Поврзани вести