Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Илинден продадени 13 парцели за куќи и една за зграда

Во Илинден продадени 13 парцели за куќи и една за зграда
Општина Илинден продаде 13 градежни парцели на првото електронско јавно наддавање годинава. Наменети се за изградба на семејни куќи за индивидуално домување.

Локациите со поединечна површина од 400-500 метри квадратни се наоѓаат во населбата Јака, на 10 километри од центарот на Скопје. Оваа населба опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир. На овој локалитет, слободни останаа уште 82 градежни парцели, кои ќе бидат понудени на следните аукции.

Општина Илинден работи и на изградба на комплетната инфраструктура за новата населба. Веќе е изграден нов мост што ја поврзува општината со населбата, а реконструирана е и улицата „406“ што води кон Јака. Во тек е и изборот на четири најповолни идејни проекти за станбени објекти, согласно кои ќе се изработат и основни проекти, кои бесплатно ќе им бидат понудени на сите оние што во електронските наддавања обезбедија парцели за изградба на семејни куќи во општина Илинден. На денешната електронска аукција, сопственик доби и една парцела наменета за групно домување со површина од 2.872 метри квадратни, што се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓа“ на влезот на општината.
Слично

Поврзани вести