Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во грчките учебници ќе стои новото уставно име на Македонија

Во грчките учебници ќе стои новото уставно име на Македонија

Маркос Боларис, заменик-министерот за надворешни работи на Грција, потврди дека новото уставно име на Македонија ќе се најде во грчките учебници.

Ова Боларис го испратил како писмен одговор, а не директен, на новинарско прашање во грчкиот парламент од страна на опозициската Нова Демократија. Тој им потврдил на опозициските пратеници Јоргос Кумуцакос и Ники Карамеос дека нема да има никакви иредентистички наводи со промената.

Боларис напишал дека тоа е предвидено во Спогодбата од Преспа, која е ратификувана од двете страни.

- Во учебниците што се во употреба во Грција не постојат иредентизми или ревизионизми како што тие се споменати во член 9 параграф 5 од Договорот од Преспа, пишува Боларис во писмениот одговор.


Слично

Поврзани вести