ВО ГРЧКАТА ВИЛА KATINA'S HOUSE МАКЕДОНЦИ НЕ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ
Македонка која преку booking резервирала сместување е шокирана затоа што сместувањето и е откажано, а причина е тоа што грчките газди не сакаат македонски гости.
Со ваков проблем се соочила Тамара Ажиевска од Скопје која на социјалните мрежи замоли статусот да биде споделен.
Таа бара booking да ги заштити корисниците од вакви непријатни ситуации. Во преписка со грчките газди објавена на социјалните мрежи тие одговараат дека се Грци, а Македонија е една и е грчка. Грците го негираат постоењето на земјата, но и наведуваат дека според нив во оваа земја живеат Бугари, Албанци, Срби, Романци. Се работи за вилата Katinа's house во Вурвуру на вториот крак.



Слично
