Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во градинките предност за прием ќе им се даде на децата со двајца вработени родители

Во градинките предност за прием ќе им се даде на децата со двајца вработени родители

Санела Шкриељ, заменик-министерката за труд и социјална политика, денеска на брифинг пред медиумите рече дека при уписот, односно при формирањето на групите во градинките, кога тие ќе започнат со работа, приоритет ќе имаат децата со двајца родители кои работат.

- Постапката за упис не е запрена, тоа е искомуницирано со сите градинки. Согласно закјонот, си тече постапката за упис, а протоколите она што ќе го регулираат е бројот на деца кој што ќе може да го има во една група. Нема да има потреба од отпишување за повторно запишување, ниту пак постапката за запишување е запрена. Протоколите дефинираат број на деца и доколку има поголем интерес, дефинираат на кои деца ќе им биде даден приоритет во смисла таму каде што има двајца родители кои мора да се на работа, секако ќе се даде приоритет на нивното дете, но тоа не е поврзано со отпишување и со повторен упис, рече Шкриељ.

Додаде дека во моментов скринингот во градинките е при крај, а самата одлука кога ќе се отворат градинките ќе ја донесе Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. 

- До моментот на отворање на градинките ги потсетуваме постојано родителите дека оние мерки за ослободување од работа се во функција. За нас тоа ни е многу битно и Владата овозможи да има кој да се грижи за децата, рече Шкриељ.

Слично

Поврзани вести